цвикери (само мн.)
Зад своите цвикери тој со мака ме гледаше...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
МАЛИОТ: Очите му се мртви и бледи. Има заспан поглед. Ќе му ги скршам цвикерите.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Се сосредоточува на текстот од интервјуто за „Der Morgen“ кој му се враќа во мислите збор по збор, онака како што го даваше тогаш, пред девет години, имајќи ги пред очите како негови први читатели, татка си, реб Апфелблум, своите ционистички пријатели од Жешов, авторитетните рабини на Берлин, дури и неговите просветени професори од Виена кои во неговото доживување стојат, тројцата, со широко разлистани весници, потчитуваат од неговото интервју, а потоа задоволно фрлаат меѓусебни погледи преку рамките на очилата и цвикерите и задоволно го одобруваат прочитаното...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Најголемиот комита меѓу партизаните и најголемиот партизан меѓу комитите, Драгутин Павлович Шлатас со рејбан цвикера и жута машна упадна у мојата дневна ко Германец у четрспрва.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Секогаш дотеран, намирисан со Армани, ги поздравува патниците гледајќи ги низ цвикерите за сонце што коштаат 820 долари.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Строго погледна низ својот цвикер во нејасната кубистичка слика на ѕидот и скоро се стркала во столот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И огромен куп очила: со метални, коскени рамки, цвикери, монокли, понекој бинокл, различни диоптри.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
КРТОВИЦА: Без цвикери е како ќор.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)